Нема абер од повтинување на зелениот картон

Bez autora
Jun 29 2011

Нема се уште абер за поевтинување на зелениот картон за возилата кој е потребен за возење во странство. Осигурителните компании во рамките на Националното биро за осигурување се уште водат разговори и преговори со иституциите кои се одговорни за ова прашање. Драган Лазарески, директор на Кроација осогурување АД Друштво за неживотно осигурување, на вчерашната прес-конференција немаше конкретен одговор дали работите по ова прашање се мрднале од мртвата точка откако вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, пред еден месец, во очи на парламентарните избори најави намалување на цената на зелениот картон. Во тој правец заеднички водиме анализи и истражувања на осигурителниот пазар со цел граѓаните да добијат адекватна цена и адекватни призводи, како за автоодговорноста, така и за зелената карта. Државата предвид ги зема и деловните потреби и можности на осигурителните компании. Секое задирање во масата на премија, посебно на техничката премија, може да предизвика и одредени пореметувања, односно управувањето со ризик не би можело да се врши, како што предвидува законот.

Нема абер од повтинување на зелениот картонНема се уште абер за поевтинување на зелениот картон за возилата кој е потребен за возење во странство.

Осигурителните компании во рамките на Националното биро за осигурување се уште водат разговори и преговори со иституциите кои се одговорни за ова прашање. Драган Лазарески, директор на Кроација осогурување АД Друштво за неживотно осигурување, на вчерашната прес-конференција немаше конкретен одговор дали работите по ова прашање се мрднале од мртвата точка откако вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, пред еден месец, во очи на парламентарните избори најави намалување на цената на зелениот картон.

- Во тој правец заеднички водиме анализи и истражувања на осигурителниот пазар со цел граѓаните да добијат адекватна цена и адекватни призводи, како за автоодговорноста, така и за зелената карта - рече Лазарески.

Според него, државата предвид ги зема и деловните потреби и можности на осигурителните компании.

- Секое задирање во масата на премија, посебно на техничката премија, може да предизвика и одредени пореметувања, односно управувањето со ризик не би можело да се врши, како што предвидува законот - вели Лазарески кој истакна дека Кроација осигурување нема некои конкретни најави за поевтинување на зелениот картон и конкретни предлози.

Тој смета дека сите учесници во сообраќајот без разлика дали патуваат во странство или не, треба да партиципираат во можната нивна одговорност ако нанесат штета на трети лица во странство.

- Постои убедување, без разлика на ЕУ, тој систем е и кај нас, како што е и во Хрватска, едноставно со полисата за автоодговорност да ја подигате зелената карта и патувате. Сега ова отвора едно друго прашање, односно прашањето околку цената на автоодговорноста. Да потсетам пред три години државата презеде мерки да ја намали цената на автоодговорноста, а од друга страна се задржаа цените на зелените карти - вели Лазарески.

Тој се надева дека надлежните институции во соработка со осигурителните компании ќе успеат да најдат во блиска иднина некој баланс, кој ќе значи солидарноста да се подели на таков начин каде што цената на зелениот картон да биде само оперативен трошок за хартија или да биде бесплатен - смета Лазарески.

Кроација осигурување вчера одбележа две години успешно работење во неживотното и шест години во животното осигурување. Презентираните показатели од работењето за првиот квартал од 2011 година ја позиционираат компанијата со 2,8 проценто учество од осигурителниот портфељ во Македонија. Ова во основа претставува раст на учество од крајот на 2010 година за 30 насто.

Вчера Кроација осигурување АД Скопје го отвори својот нов модерен продажен центар кој се наоѓа спроти Цветниот пазар во Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik